• петок, 22 ноември 2024

ГРОМ: Партиите ја дерогираа функцијата претседател на државата

ГРОМ: Партиите ја дерогираа функцијата претседател на државата

Скопје, 26 март 2024

 

Досега политичките партии беа фокусирани на личните, бизнис и партиските
интереси, додека Македонија и македонските национални интереси секогаш
беа на последно место.

Партиите ја дерогираа функцијата претседател на државата поставувајќи на
таа престижна функција полтрони и партиски послушници кои строго ја
следеа партиската директива заборавајќи ги националните интереси и
интересите на граѓаните.

Овие партии тргуваа со светото, менуваа и преговараа за име, знаме,
историја, иденитет и јазик само за да дојдат и да се одржат на власт, да
ги задржат своите фотељи газејќи по македонското национало достоинство.

Република Македонија заслужуваа претседател како Стевче Јакимовски кој
ќе ја стави Македонија на прво место. На Македонија и е потребен
претседател чиј збор вреди, човек кој не дава да се гази по
достоинството на неговиот народ, човек кој целата своја полтичка кариера
ја поминал служејќи и на оваа држава и на македонскиот народ.

На Македонија и е потребен човек кој нема страв, кој има идеја и кој е
подготвен да води, на Република Македонија и е потребен човек како
Стевче Јакимовски.

Доста беше од лажни промени, и лажен избор пресликан во ВМРО-ДПМНЕ и
СДСМ, време е за трета опција, време е за Граѓанска Опција за
Македонија. Заокружи го бројот три и Стевче Јакимовски, ХРАБРО ЗА
МАКЕДОНИЈА!


Со почит
Центар за комуникации ГРОМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан