• среда, 10 јули 2024

,,Гроздоберче" со прва награда на интернационален фестивал во Црна Гора

,,Гроздоберче

Кавадарци, 2 март 2024 (МИА) – Уметничкиот директор на детскиот фестивал од Кавадарци „Гроздоберче“,Зоран Станоев - Дејзи, информираше дека Магдалена Бикова со песната „Виолина“ освои прва награда за интерпретација на интернационалниот фестивал „Златна пахулја“ во Црна Гора.

- Наградата е освоена со песничката ,,Виолина", во интерпретација на ученичката Магдалена Бикова. Станува збор за награда во конкуренција на песнички од десет држави од Балканот и Европа. Се работи за фестивалот „Златна пахулја" во градот Рожаје, што годинава се одржа по 31. пат, соопшти Станоев за МИА. 

Тој додаде дека „Гроздоберче" редовно освојува награди во земјава и странство. На овој фестивал, додаде, првпат се освојува прва награда, покрај веќе освоените четири други награди, во изминатите години. свд/ра

Фото : „Гроздоберче"

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан