Гроздановски со две први места на „Октомврискиот коњички турнир“
- Дарио Гроздановски е најуспешниот натпреварувач на „Октомвриски коњички турнир“ и 3. коло од отвореното Државното првенство прескокнување пречки за 2020 година. Натпреварите во организација н
Скопје, 3 октомври 2020 (МИА) – Дарио Гроздановски е најуспешниот натпреварувач на „Октомвриски коњички турнир“ и 3. коло од отвореното Државното првенство прескокнување пречки за 2020 година. Натпреварите во организација на клубот Анималс од Скопје, се одржаа денес на терените на клубот што се наоѓаат во населбата Дрма-Идризово.
На програмата беа четири натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц и Д со висина на пречките од 0,9 метри до 1,2 метра.
Резултати:
Класа -Д- висина на пречките 0,90м.
1-место Самирr Реџепи со грлото Тифани од КК.Бравадос
2-м. Ена Таневска со грлото Нур о0д КК.Анималс
- м.Елена Димитријова со грлото Прешес од КК.Анималс
- место Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК.Анималс