• сабота, 18 мај 2024

Гроздановска лидер во генералниот пласман во Лига-првенството по четири кола и по првиот Ноемвриски коњички турнир

Гроздановска лидер во генералниот пласман во Лига-првенството по четири кола и по првиот Ноемвриски коњички турнир
Скопје, 13 ноември 2021 (МИА) – На Хиподромот кај скопската населба Маџари, во организација на Клубот за коњички спортови Илинден, денеска се одржа Првиот ноемвриски коњички турнир-и 4. коло - финале од отвореното Лига-првенство во прескокнување на пречки за 2021 година. На програмата беа два натпревари во прескокнување на пречки: Пласман во прв натпревар „Одбери свој пат, височина на пречките 0,90-1,00 метар: 1.место Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од КК. Бравадос 2.место Леонида Гроздановска со грлото Силвано од КК. Анималс 3.место Силја Дуковска со грлото Нур од КК. Анималс Втор натпревар „Растечки потешкотии“ од 1,00 – 1,20/1,30 м. со Џокер: 1.место Леонида Гроздановска со грлото Силвано од КК. Анималс 2.место Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од КК. Бравадос 3.место Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК. Процес Генерален пласман по четирите одржани кола на првите три пласирани носители на Златен, сребрен и бронзен медал: 1.место Леонида гроздановска со грлото Силвано од КК. Анималс 2.место Силја Дуковска со грлото Најтингел од КК. Анималс 3.место Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од КК. Бравадос. До крајот на годината останува уште Вториот ноемвриски коњички турнири и 6. финално коло од Отвореното државно првенство во прескокнување пречки. Овие натпревари ќе се одржат на 20 ноември во организација на клубот Илинден, исто така на Хиподромот во Маџари. зс/

Остани поврзан