• петок, 22 ноември 2024

Грожан: Секогаш ќе сонувам дека ќе дојде денот и ќе започнам да победувам во Формула 1

Грожан: Секогаш ќе сонувам дека ќе дојде денот и ќе започнам да победувам во Формула 1
Лондон, 25 јуни 2020 (МИА) - Пилотот на Хас, Роман Грожан ја искажа својата голема желба да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум во Формула 1. - Во мојата кариера имав брзи трки, но само резултатите можат да зборуваат за мене. Во Формула 3, се борев со Нико Хулкенберг и Камуи Кобајаши, но успеав да станам шампион. Следно, победив во Формула 2. Победив скоро секаде, освен Формула 1, и ја сакам оваа победа најмногу од сè. Сепак, во „Кралската трка“ многу зависи од болидот и неговите можности. Во секој случај, никогаш не кажувајте никогаш. Секогаш ќе сонувам дека ќе дојде денот и ќе победам. Ова можеби звучи смешно, но ако престанам да сонувам, ќе го изгубам значењето на моето учество во трките во Формула 1. За мене е важно да мислам дека ќе успеам и ќе работам напорно за да се случи ова, истакна Грожан. Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе почна на 5 јули во Австрија. зс/

Остани поврзан