• петок, 05 декември 2025

ГРК Охрид со голем исчекор кон финалето на турнирот „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со голем исчекор кон финалето на турнирот „Крсте Андоновски“

Охрид, 21 август 2025 (МИА) – Ракометарите на Охрид вчеравечер го совладаа Партизан со 30:25 и ја запишаа втората победа на Меморијалниот меѓународен турнир „Крсте Андоновски“.

Најефикасни во домашниот тим беа Иванковиќ со осум и Ѓукиќ со шест гола.

По оваа победа охриѓани се на чекор до финалето. Охрид во последното коло од групната фаза се среќава со Нексе и доколку забележи победа ќе игра во големото финале што на програмата е во сабота.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во првото коло одигра нерешено 32:32 со Тримо Требње од Словенија. 

Вечер битолчани ќе се соочат со Вардар. зс/

Фото: ГРК Охрид

Остани поврзан