• недела, 22 декември 2024

Грковска - Ширеј:Потребна е коалиција на демократските сили за справување со предизвиците на денешницата

Грковска - Ширеј:Потребна е коалиција на демократските сили за справување со предизвиците на денешницата
Скопје, 1 февруари 2023 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон, САД, денеска оствари средба со Семи Ширеј, постар лидер на Самитот за демократија, со кој разговараа за потребата од заеднички и организиран пристап на демократските земји во светот во справувањето со авторитарните режими, како и во борбата против корупцијата и владеењето на правото, информира владината прес-служба.
 На средбата, меѓу другото се разговараше и за активностите на двете страни кои се преземаат во врска со претстојниот Самит за демократија и заедничките области кои се од висок интерес како за Кабинетот така и за целите на Самитот.
Самитот за демократија е глобален настан, кој се одржува под покровителство на претседателот на САД, Џо Бајден, а кој ги покрива најголемите светски предизвици како антикорупција, демократија, транспарентност и медиуми и граѓанско општество.
 Вицепремиерката Грковска истакнала дека токму овие прашања, како и имплементацијата на принципите за добро владеење се главните столбови на работа на нејзиниот Кабинет за политики за добро владеење. Дополнително, Грковска информирала и за двете регионални иницијативи кои се планирани за претстојниот период во организација на Кабинетот за добро владеење и се наоѓаат во подготвителна фаза, а се соодветствуваат со темите кои ќе бидат важен приоритет на претстојниот Самит за демократија
-Двете соговорнички се согласија дека Самитот за демократија, но и ваквите иницијативи кои се фокусираат на борбата против корупцијата, доброто владеење, како и владеењето на правото се важни за подигнување на свеста кај сите, кај носителите на функции, но и кај граѓаните, информираат од Владата.лв/вг/

Остани поврзан