• петок, 22 ноември 2024

Грковска: Со координација на повеќе ресори и антикорупциските политики остваруваме транспарентен ефикасен систем

Грковска: Со координација на повеќе ресори и антикорупциските политики остваруваме транспарентен ефикасен систем
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во изјава за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, говорејќи за надлежностите за ресорот кој го води, истакна дека позицијата на креирање на политики за добро владеење практично опфаќа еден широк дијапазон на координација на многу ресори.Таа посочи дека ресорот има координативна улога за креирање на политики кои ќе придонесат за транспарентно и ефикасно функционирање на институциите, поради тоа што многу често има постапки во кои се инволвирани повеќе институции.-Ако една алатка во тие институции затаи, процесот некаде стои. Многу често граѓаните реагираат дека се препраќани од една на друга страна затоа што, за жал, секој гледа да си ја префрли одговорноста, а ретко некој прифаќа да преземе одговорност и да решава проблем, рече Грковска.Таа оцени дека изминатите два месеци во координација со повеќе институции се надминати повеќе такви прашања.-Во другиот дел, одговорноста е во креирање на антикорупциските политики. Секоја политика која ќе придонесе за транспарентно и поефикасно работење на институциите и за процесот на дигитализација, стратегијата за дигитализација е патоказот по кој треба нашата држава да се движи во наредниот период во овој процес, истакна вицепремиерката Грковска, подвлекувајќи дека сите овие процеси се поврзани меѓу себе и нивното унапредување доведува до владината цел, да создаде еден потранспарентен, поефикасен систем.ир/са/

Остани поврзан