• понеделник, 23 декември 2024

Грковска - Симовски: Податоците од пописот се важни, даваат основа за креирање на добри и одржливи политики за населението

Грковска - Симовски: Податоците од пописот се важни, даваат основа за креирање на добри и одржливи политики за населението
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - Пописот на населението што беше спроведен во нашата земја и важноста на податоците кои произлегоа од оваа статистичка операција при креирање на добри и одржливи политики за населението, биле теми на разговор на денешната средба на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
Вицепремиерката Грковска, како што соопшти нејзиниот Кабинет, потенцирала дека пописните резултати се клучната појдовна точка од која Владата поаѓа при креирање на националните стратегии.
Според Грковска, пописот како статистичка операција дава увид во состојбата на теренот, обезбедува релевантни податоци врз основа на кои се дефинираат понатамошните политики, со кои ќе се постигне и рамномерен регионален развој.
Во таа насока и директорот Симовски нагласи дека податоците од пописот се важни за сите нивоа на власта, затоа што тој е сеопфатен и дава најреална основа за планирање на идниот развој. дма/мд/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан