• сабота, 27 јули 2024

Грковска: Неопходно е зајакнување на системот за управување со јавните инвестиции

Грковска: Неопходно е зајакнување на системот за управување со јавните инвестиции
Скопје, 29 јули 2022 (МИА) - Зајакнување на контролата на јавните инвестиции кои се финансираат со средства од заеми од официјални кредитори, беа тема, меѓу другото на денешниот работен состанок на вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска и главниот државен ревизор Максим Ацевски. Грковска, како што информирата од нејзината канцеларија, ја потенцирала важноста да се ревидира постоечката правна рамка која се однесува на системот за управување со јавни инвестиции.На овој начин, додаде таа, со контролата на јавните инвестиции ќе се спречи одлевање на средства од Буџетот заради непочитување на договорите, доцнење со роковите и навремено неповлекување на средствата. На состанокот, се вели во соопштението, било разговарано и за јакнење на човечкиот капитал, односно за потребата да се инвестира во кадровската екипираност и човечкиот фактор во институциите, бидејќи во моментов институциите се соочуваат со алармантен процес на одлевање на кадри. Од особена важност е да се екипираат единиците за следење на стратешките инвестиции, како и професионалниот кадар за FIDIC стандардите.Главниот државен ревизор Максим Ацевски нагласил дека добрата координација помеѓу институциите е многу важна и од тој аспект оцени дека иницијативите што ги презема вицепремиерката Грковска и нејзиниот Кабинет даваат значаен придонес во зајакнување на контролата на трошењето на јавните средства.Двајцата соговорници утврдија динамика за заеднички активности за наоѓање на решенија за брзо и ефикасно надминување на материјално значајните наоди утврдени во ревизорските извештаи. аа/мд/

Остани поврзан