• недела, 22 декември 2024

Грин: Сакаме да го задржиме Клеј Томпсон и за следната сезона

Грин: Сакаме да го задржиме Клеј Томпсон и за следната сезона

Сан Франциско, 17 април 2024 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин кажа за желбата на целиот тим околу иднината на Клеј Томпсон.

Претстојното лето Томпсон ќе биде слободен играч.

- Сакаме да го задржиме Клеј Томпсон. Поминавме со него и неверојатни подеми, и разочарувачки падови. Но, заедничкиот именител во ова прашање е дека ние сме го поминале секое од овие сценарија заедно. Нема сомнеж дека сакаме да продолжиме да го правиме она што го правевме. Во исто време, разбирам дека Клеј треба да донесе одлука - најдобрата одлука за него. Истото може да се каже и за тимот. Немам причина да мислам дека сопствениците на нашиот клуб нема да се погрижат за нас, изјави Грин.

Голден Стејт ноќеска во плејинот загуби од Сакраменто кингс и не успеа да обезбеди учество во разигрувањето за титулата. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан