• петок, 22 ноември 2024

Гризман ја прекина соработката со „Хуавеј“ поради „репресивен однос кон Ујгурите“

Гризман ја прекина соработката со „Хуавеј“ поради „репресивен однос кон Ујгурите“
Барселона, 10 декември 2020 (МИА) – Францускиот репрезентативец Антоан Гризман обелодени денеска дека ја прекинал соработката со „Хуавеј“, поттикнат од сомневањата дека кинескиот технолошки гигант придонесува кон, како што наведува фудбалерот, „репресивната политика“ врз Ујгурите, доминантно муслиманско малцинство во Кина. Објавата на 29-годишниот фудбалер на Барселона на неговиот Инстаграм профил уследи по медиумските написи дека „Хуавеј“ тестирал софтвер способен да детектира припадници на ујгурското малцинство преку нивно ликовно препознавање, со намера да им помогне на кинеските власти во контролата врз оваа етничка група. -Откако излегоа на виделина сериозни обвинувања дека „Хуавеј“ придонела кон детектирање на Ујгурите, благодарение на нивниот софтвер за препознавање ликови, објавувам моментален прекин на партнерството со компанијата, наведе Гризман. Тој ја повика кинеската компанија „не само да ги демантира обвинувањата, туку час поскоро да преземе конкретни чекори за осуда на таквата масовна репресија“. ег/паг/

Остани поврзан