• недела, 12 мај 2024

Грвала: Грција е главен актер на Балканот, Косово е благодарно за партнерството

Грвала: Грција е главен актер на Балканот, Косово е благодарно за партнерството

Приштина, 23 септември 2023 (МИА) – Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала по средбата со нејзиниот грчки колега, Гиоргиос Герапетритис, во рамки на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека Грција е „главниот актер“ на Балканот, со кого Косово споделува низа вредности и цели, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешната објава на нејзината страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер) Грвала информира дека со нејзиниот грчки колега разговарала соработката меѓу Косово и Грција на повеќе полиња.

- Грција е главниот актер во нашиот регион со кого делиме цела низа вредности и цели. На срдечната средба со мојот колега Гиоргиос Герапетритис разговаравме за нашите пријателски односи на полето на бизнисот, културата и политиката. Благодарна сум за нашето партнерство, напиша Грвала. иа/рп/

Остани поврзан