• понеделник, 23 декември 2024

Граѓанската организација „АктивУм“ заедно со европски организации изработија брошура за полесно носење одлуки за лица со интелектуална попреченост

Граѓанската организација „АктивУм“ заедно со европски организации изработија брошура за полесно носење одлуки за лица со интелектуална попреченост
Куманово, 28 јули 2022 (МИА) - Македонската граѓанската организација „АктивУм“ заедно со организации од европски држави изработија брошура наменета за лица со попреченост, заинтересирани за стекнување нови вештини и полесно носење на одлуки, соопштија денеска надлежните од граѓанската организација. „АктивУм“. Заедно со организации од Шпанија, Грција, Литванија и Полска преку Еразмус плус проектот „Одлучувач-Подобрување на животните искуства за возрасни лица со посебни потреби за учење, обучувачи и родители преку поддржано донесување одлуки“ ја изработија брошурата која е во лесно читлива форма и преку која лицата со интелектуална попреченост се охрабруваат да бидат самоопределени во донесувањето одлуки. Брошурата за поддржано донесување одлуки на лица со посебни потреби за учење е подготвена и достапна на шест јазици: англиски и петте јазици на петте-те партнери на конзорциумот „Одлучувач“, т.е организации од Шпанија, Грција, Северна Македонија, Литванија и Полска. Целта е појаснуваат стручните, да се обезбедат знаења на лицата со посебни потреби за поддржаното донесување одлуки и неговото влијание врз квалитетот на нивниот живот. - Користејќи ја брошурата, наставниците ќе имаат насока како да ги планираат обуките и работилниците со лицата со интелектуална попреченост со што ќе ја подобрат сопствената едукативна понуда, а од друга страна лицата со интелектуална попреченост на пристапен начин ќе добијат нови информации и ќе се охрабрат да се посамостојни при донесувањето одлуки. Член 12 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост се однесува на еднакво признавање пред законот, при што за нас посебно интересен е делот за деловната способност и препораките за спроведување на Конвенцијата во тој дел. Меѓутоа, додека за прашањето на деловната способност се дебатира повеќе од декада, напредокот е постепен и промените се случуваат многу бавно. Затоа, сметаме дека е неопходно е да се работи на транснационално ниво, да се учествува во оваа глобална дискусија и да се сподели со други секој резултат што може да влијае на знаењето и практиката во областа, изјави Марија Тошева од „АктивУм“. Брошурата содржи поглавја, човекови права, кој ги предлага законите за правата, посебен осврт е даден на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост како инструмент за човекови права со јасна димензија на социјален развој. Поддржано донесување одлуки како дел од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е вклучено во брошурата и нуди информации за процесот на одлучување, стекнување знаење, преземање одговорност, барање поддршка. Во брошурата, претставена е и апликацијата „Одлучувач“. Проектот е тековен, се реализира во период од 29 месеци, од 15 ноември 2020 и ќе трае до 14 мај 2023 година. Финансиската поддршка е обезбедена од Еразмус + програма, К2 акција стратешко партнерство – образование на возрасни. ам/цр

Остани поврзан