• понеделник, 17 март 2025

Граѓани во Кочани палат свеќи за жртвите во пожарот

Граѓани во Кочани палат свеќи за жртвите во пожарот

Кочани, 16 март 2025 (МИА) - Граѓани во Паркот на револуцијата во Кочани палат свеќи во чест на жртвите што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“, јави екипата на МИА од терен.

Во пожарот загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Според последната изјава на министерот за здравство Арбен Таравари, 47 пациенти ќе бидат пренесени во здравствените установи во соседството на понатамошно лекување, а утре во земјава пристигнуваат специјалисти за изгореници.

Меѓу починатите има и членови на бендот „ДНК“ кој имал концерт во дискотеката. ар/бак/

Фото: МИА

 

Остани поврзан