Граѓаните да пријават штети од пожари повика општина Куманово
- Граѓаните коишто претрпеле штети од последниве пожари во кумановско, ќе можат да поднесат барање за обесштетување од општина Куманово, во периодот од 14 до 25 јули годинава, информираа денеска од општина Куманово. Потребната документација треба да ја достават во архивата на Општина Куманово. Барањата ќе ги разгледа комисијата за проценка на штети.
Куманово, 10 јули 2025 (МИА) - Граѓаните коишто претрпеле штети од последниве пожари во кумановско, ќе можат да поднесат барање за обесштетување од општина Куманово, во периодот од 14 до 25 јули годинава, информираа денеска од општина Куманово. Потребната документација треба да ја достават во архивата на Општина Куманово. Барањата ќе ги разгледа комисијата за проценка на штети.
-Копија од лична карта, од трансакциска сметка, од имотен лист, фотографии од опожареното, контакт телефон е она што засегнатите граѓани треба да го достават до архивата на општината, информираа оттаму.
Вчера, во кумановските села и приградски населби беа евидентирани 13 пожари. Ангажирани беа 33 пожарникари со единаесет возила. Гореа ниви, стрништа, помошни објекти. ам/сст/
Фото МИА