• недела, 22 декември 2024

Граѓаните да купуваат атестирани и безбедни плински боци

Граѓаните да купуваат атестирани и безбедни плински боци

Куманово, 10 февруари 2024 (МИА) - Граѓаните да купуваат плински боци само од овластени полнилници, редовно да ги заменуваат, контролираат, препорачуваат стручните лица. Важно е да се применуваат воспоставените стандарди, да се купува уред, боца исклучиво од овластени сертифицирани субјекти, препорачува м-р Слаѓан Ѓорѓевиќ, машински инженер, професор во кумановското средно училиште „Наце Буѓони“, за гасна техника, автор на учебници и соработник на хрватско-енергетското друштво.

- Во државата постои овластена полнилница и само таму може да се полни течен нафтен гас, да се врши замена на боци. Лицата се стручни доколку забележат каква било неисправност, тие ќе го отстранат навреме. Најдобро е да се почитуваат стандардите кои ги има, вели Ѓорѓевиќ.

Граѓаните да купуваат плински боци само од овластени полнилници, редовно да ги заменуваат, контролираат, препорачуваат стручните лица. Важно е да се применуваат воспоставените стандарди, да с

Дел од граѓаните купуваат боци на пазари, на несоодветни места или пак купуваат делови за нив, регулациони вентили, црева од несоодветни места, нелиценцирани, без сертификати, без печати. Професорот Ѓорѓевиќ објаснува дека купувањето од вакви места е небезбедно.

Во однос на експлозија на плински боци, тој објаснува дека проблем за појава на пожарите е течењето на гасот. Според него, самата боца тешко експлодира, може само ако се преполни или при промена на температура кога гасот се шири и може да дојде до експлозија. Во стандардно наполнетите, боците има празнина и ако дојде до загревање и ширење на гасот, боцата ќе се пополни и нема да се оштети. Како што објаснува професорот, на боците има сигурносен вентил и ако се надмине дозволениот притисок тој експлодира, се пушта гасот во просторијата, но нема да се запали, ќе биде разреден и нема да дојде до критична количина на гас за да се случи експлозија.

- За да дојде до запалување, потребна е поголема количина, доволно кислород и тогаш може да дојде до експлозија. Ама вакви случаи се многу ретки, вели професорот.

Гасот е без мирис и при производство се користат и одоранти, мирисливи материи кои укажуваат на проблем. Ако се почувствува таков мирис, тогаш треба да се затвори вентилот, боцата да се изнесе надвор и просторијата да се проветри. Боците не смеат да се складираат во подруми, зашто гасот е потежок од воздухот и при мало искрење може да се предизвика проблем. Ако се почувствува карактеристичниот мирис, не треба да се користи ѕвоно или да се вклучува светло, туку треба да се користи светло од мобилен телефон и да се блокира боцата, да се проверат цревата.

-Не треба да се купува од други места, освен од полнилници. Прописите се категорични затоа што во прашање се човечки животи, материјални добра. Треба многу да се води сметка од каде се набавува боцата и не смее да се полни од бензински. Си има полнилници и таму треба да се купи, одржува, да е влезена во системот замена, има печат, ја контролираат стручни, добивате безбедна опрема, ваше е да се обучите, да внимавате, повика Ѓорѓевиќ.

Користењето на боците надвор е прилично безбедно и ако воопшто дојде до запалување, гасот излегува се шири на отворено, ако не е запален тогаш се разблажува.

Територијалната противпожарна единица Куманово регистрира по неколку пожари годишно во кои има експлозија на плински боци. Во некои случаи не можат да прецизираат дали експлозијата настанала од пожар или пожарот настанал од експлозија на плински боци.

Во Куманово имаше неколку случаи кои ја вознемирија јавноста со загинати, повредени лица, пожари со материјална штета.

-Зависи од повеќе фактори, некогаш може да се случи пожар и да предизвика експлозија на плинска боца, може да се случи експлозија, а последица да биде пожар. Во принцип 30 проценти од домаќинствата користат боци. Безбедно е ама треба сериозен пристап и претпазливост кога се работи со садови под притисок, вели командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Тој препорачува оние кои користат вакви уреди да купуваат исклучиво од лиценцирани оператори, никако од пазари, бидејќи се непроверени, а се садови под притисок.

-Мора да биде атестиран и лиценцираните можат да кажат дали се за употреба или не. Тоа кај нас го работи „Макпетрол“ таму се сервисираат, боците, уреди и се безбедни за употреба во домаќинства, вели Илиевски.

Последниот случај со експлозија на плинска боца во Куманово ја потресе јавноста. Од СВР Куманово информираат дека во јануари годинава e регистрирана една експлозија на плинска боца во стан на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово во која млад кумановец се здоби со теши повреди, подоцна и почина. Пред две години беше регистрирана експлозија на плинска боца во Матејче, шестмина беа повредени. Случајот во Романовце во 2020 со експлозија на плинска боца, долго ќе се памети, бидејќи имаше неколкумина повредени на местото на несреќата и починати лица. По една експлозија на плинска боца кумановската полиција регистрира во 2019 и во 2016 кога беше предизвикана значителна штета во зграда на булеварот „Октомвриска револуција“. 

Александра Максимовска


Фото: МИА

 

Остани поврзан