• недела, 22 декември 2024

Графити „Кога српската војска ќе се врати на Косово“ во северно Косово

Графити „Кога српската војска ќе се врати на Косово“ во северно Косово

Приштина, 11 февруари 2024 (МИА) – Графити на српски јазик, со пораката „Кога српската војска ќе се врати на Косово“ осамнале утрово во северно Косово, во општините населени со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што може да се види од фотографиите што ги објави косовскиот портал на српски јазик „КоССев“ од Северна Митровица, графитите се потпишани од таканаречената „Северна бригада“, организација која што, заедно со другата организација на косовските Срби, „Цивилна заштита“, Владата на Косово во јуни минатата година ги прогласи за терористички. Образложувајќи ја тогашната одлука, премиерот Албин Курти рече дека таа е донесена „врз основа на фактот дека тие формации претставуваат сериозна закана по законскиот и уставниот поредок на Косово“.

„КоССев“ напоменува дека граифитите се појавиле ден пред најавениот митинг на пензионерите во Северна Митровица, што го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, како и ден по маршот на навивачите на спортскиот клуб Црвена звезда „Делии“ во Белград, со транспаренти „Државо заштитити ги Србите од Косово“.

Другиот косовски медиум на српски јазик, „Косово онлајн“ објави дека истите графити, односно пораките „Кога српската војска ќе се врати на Косово – Северна бригада живее“ се појавиле и во другите три општини со мнозинско српско население во северно Косово – Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. иа/ссм/

Фото: КоССев

Остани поврзан