• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Граничниот премин Рафа останува отворен за пристигнување на повредени и болни Палестинци

Граничниот премин Рафа останува отворен за пристигнување на повредени и болни Палестинци

Каиро, 1 април 2025 (МИА) – Граничниот пункт Рафа, 15 ден по ред е отворен во очекување да пристигнат повредените и болни Палестинци и нивните придружници на лекување во Египет, јави египетската новинска агенција МЕНА.

Медицински екипи се во постојана готовност, а возилата на брзата помош се подготвени за пристигнување на ранети и болни Палестинци.

До 18 март во Египет пристигнале 1.700 повредени и болни луѓе, како и 2.500 нивни придружници.

Израелските власти го затворија граничниот премин Рафа од палестинска страна. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан