• среда, 15 мај 2024

Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа отворен за испорака на хуманитарна помош

Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа отворен за испорака на хуманитарна помош

Газа, 21 октомври 2023 (МИА) - Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа денеска беше отворен за испорака на хуманитарна помош за палестинската енклава, блокирана по нападот на Хамас врз Израел, објавија странските агенции.

Хамас вели дека помошта вклучува „лекови, медицински материјали и ограничено количество храна (конзервирана храна).

Според палестинското исламско движење, конвојот се состоел од 20 камиони.

Претходно, американската амбасада во Израел соопшти дека граничниот премин Рафа ќе биде отворен за странци кои сакаат да го напуштат Појасот Газа. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан