• среда, 19 март 2025

Гранд Ауто нов партнер на македонските фудбалски селекции

Гранд Ауто нов партнер на македонските фудбалски селекции

 

Скопје, 7 март 2025 (МИА) – Гранд Ауто, официјалниот застапник на возилата од марките Ford, Hyundai, MG Motor и Chery за Македонија и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска постигнаа договор за соработка и поддршка на раководното фудбалско тело и националните репрезентации.

„Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и ’Куќата на фудбалот‘ добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто. Нè радува тоа што едни од најпрепознатливите автомобилски брендови, стануваат дел од фудбалското семејство. Уште повеќе поради фактот што просечната старост на возилата во ФФМ до овој момент беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри. ФФМ никогаш досега немала партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но тука сме да ги менуваме работите и во овие нецели два месеци, промените се случуваат“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Првиот човек на ФФМ изрази уверување дека соработката со Гранд Ауто ќе придонесе за нови успеси на македонските фудбалски селекции.

„Правиме сè за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика, а оваа соработка е токму во таа насока. Верувам дека заеднички со Гранд Ауто ќе се радуваме на нови победи, ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме за нови победи. Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката и за тоа што верувате во подобра федерација и нови победи за македонската репрезентација“ истакна Омерагиќ. ег

ФОТО: ФФМ

 

Остани поврзан