• четврток, 19 декември 2024

Гранада првпат во историјата победи на „Камп Ноу“

Гранада првпат во историјата победи на „Камп Ноу“
Барселона, 29 април 2021 (МИА) – Фудбалерите на Гранада ја совладаа вечерва Барселона на „Камп Ноу“ (2:1) за прв пат во својата 90 годишна историја и внесоа дополнителна драматичност во трката за шампионската титула во Шпанија. Гранада со пресврт ја шокираше Барселона, откако Лионел Меси во 23 минута го доведе каталонскиот клуб во водство, а Дарвин Мачис (63) и Хорхе Молина (79) донесоа историска победа за гостинскиот тим во второто полувреме. На пет кола пред крајот на сезоната во Ла Лига, Атлетико Мадрид води на табелата со 73 бодови, два повеќе од градскиот ривал Реал, додека Барселона остана на третото место, со ист број бодови (71), пред четвртопласираната Севиља (70) со која се затвора кругот на екипи, кои се во трката за титулата. ег/ссм/

Остани поврзан