• сабота, 23 ноември 2024

Град со 10.000 луѓе во Виетнам ставен во карантин

Град со 10.000 луѓе во Виетнам ставен во карантин
Ханој, 13 февруари 2020 (МИА) - Град со 10.000 жители во близина на Ханој е првото населено место во Виетнам што е ставено во карантин поради страв од ширење на Ковид – 19, соопшти Министерството за здравство на земјата. Откако во ова место, на околу 30 километри северозападно од Ханој, биле потврдени пет случаи на изараза, во Сон Лои е одреден 20-дневен карантин. - Блокирани сме во место и работиме на оризови полиња и во градините, изјави еден жител на Сон Лои и наведе дека тоа сигурно ќе влијае на голем број жители кои работат вон тоа место. Како што рече, една жена го заразила семејството и соседите. Во Виетнам Ковид – 19 досега е потврден кај 15 луѓе. јт/

Тагови

Остани поврзан