• вторник, 05 ноември 2024

Град Скопје со парични награди за пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарите низ државата

Град Скопје со парични награди за пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарите низ државата
Скопје, 5 август 2021 (МИА) - Град Скопје ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари кои се дел од три екипи што со три возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со три цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија Република Северна Македонија. Од прес-службата на Град Скопје информираат дека паричните награди им се доделуваат заради нивниот вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на градот, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево. За да овозможи што подобри и побезбедни услови за работа на пожарникарите, како што посочуваат, Градот Скопје континуирано вложува во човечкиот, но и во преостанатиот инфраструктурен потенцијал како нова, модерна и побезбедна опрема и возила за Противпожарната бригада. - Во изминатите четири години Градот Скопје ги зголеми платите на пожарникарите, а се зголемува и капацитетот на бригадата, односно се вработени вкупно 41 пожарникар, а во тек е конкурсот за вработување на уште 20 нови пожарникари; со што се доближуваме и до исполнување на европските стандарди согласно кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители.Исто така, се вложува многу во опремувањето на противпожарната бригада, односно набавено е ново специјализирано возило – 45 метарска противпожарна скала со која брзо и ефикасно ќе може да се спасат сите граѓани кои живеат и повисоко од 5-ти кат на скопските висококатници. Ова повеќенаменско возило има и дополнителна опрема како пумпа за вода со капацитет од 45.000 литри во минута, а самата скала може да се користи и како кран за подигање товар од 4 тона. Набавени се и нови изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. 35 години старата аналогна телефонска централа е заменета со современа нова дигитална централа, а набавена е и опрема за справување со шумски пожари со што се подига нивото на заштита на природата на комплексите Водно, Сарај и Матка, се наведува во соопштението на Град Скопје.фф/са/

Остани поврзан