• вторник, 26 ноември 2024

Град Скопје со зголемување од 2800 денари ги усогласи линеарно платите на вработените со растот на минималната плата

Град Скопје со зголемување од 2800 денари ги усогласи линеарно платите на вработените со растот на минималната плата
Скопје, 21 јуни 2022(МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со репрезентативната синдикална организација на Град Скопје, потпиша измени на Колективниот договор на ниво на работодавец Град Скопје со кои се врши линеарно зголемување за сите вработени во градската администрација од 2800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата, информираат од скопската локална самоуправа. -Градот Скопје е прва институција која врши линеарно зголемување за усогласување на платите согласно барањата на репрезентативниот синдикат на Град Скопје, а во интерес на унапредување на работничките права. Со ова усогласување се излегува во пресрет на потребите на вработени на Град Скопје, со цел амортизирање на негативните ефекти од двоцифрената инфлација и економската криза со која се соочени, истакна Арсовска. Со усогласувањето се предвидува линеарно зголемување на платата за 2800 денари на сите административни службеници, на вработените во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и вработените ангажирани согласно ЗРО, освен за оние вработени во Град Скопје чие зголемување на плати веќе беше направено со зголемување на минималната плата. -Во насока на унапредување на правата и вреднување на трудот, се презема сè што е во рамки на нашите можности, имајќи предвид дека сакаме да мотивираме работен процес преку кој се испорачуваат ефикасни, ефективни и квалитетни услуги за граѓаните, истакна Арсовска.ир/лв/

Остани поврзан