• среда, 17 јули 2024

Град Скопје: Решени 1.000 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

Град Скопје: Решени 1.000 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.142 барања, од кои се решени дури 1.000. На оваа електронска адреса граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа, информираат од Град Скопје. Како што нагласуваат, во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл побарале да се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, пријавиле диви депонии и проблеми со улични кучиња, а се интересирале и за процедурите за сечење стари и суви дрвја. -Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени, велат градските власти. вј/дма/

Остани поврзан