• петок, 22 ноември 2024

Град Скопје: Нови реквизити за игрите за слепи и слабовидни лица Goalball и Showdown

Град Скопје: Нови реквизити за игрите за слепи и слабовидни лица Goalball и Showdown

Скопје, 26 март 2024 

Почитувани,

Градот Скопје во континуитет вложува во креирање услови преку кои се овозможува стимулирање активности за инклузија, социјализација и рекреација на лицата со попречености. Во рамките на овие заложби, во изминатите две години Градот Скопје е поддржувач на многубројни активности во насока на унапредување и подобрување на секојдневно функционирање, а една од нив е набавката на специјална опрема и реквизити за рекреација на лицата со попреченост. 


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје, ги промовираа новите реквизити за игрите за слепи и слабовидни лица Goalball и Showdown, опремата и реквизитите за пинг – понг, бадминтон, како и повеќе специјализирани мултифункционални фитнес справи за лицата со попреченост.


Третата локација по средните училишта Михајло Пупин и Здравко Цветковски, е училиштето Јосип Броз Тито, каде лицата со попреченост преку проектот на Град Скопје и Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, можат бесплатно да вежбаат, да се дружат и рекреираат. Градот Скопје продолжува да дава силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост.

Со почит,

Одделение за односи со јавност
Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Град Скопје

 

Остани поврзан