• понеделник, 23 декември 2024

Град Скопје започна со санација на патеките на Матка

Град Скопје започна со санација на патеките на Матка

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - Град Скопје денеска започна со санација на патеките на Кањонот Матка, што претставува една од главните приоритети во програмата „За модерно Скопје“

Како што информираат од Град Скопје, првата  санацијата ќе се одвива  на  Манастирот „Свети Андреа“ до Висок Рид, наспроти пештерата Врело, а втората од пештерата Врело до пештерата Убава. Со санациите се овозможува подобар пристап до природните убавини, како и поголема безбедност за сите посетители на Матка.

-По целата должина на патеките ќе се изврши санација на постојната заштитна ограда, ќе се постави сајла на карпите во тесно достапните делови, потоа целосно санирање на оштетените подни делови и уреди на  вегетацијата, а на одредени локации ќе се изврши замена на оштетените бетонски блокови. Санацијата ја изведуваат јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“, кои минатиот месец ја обновија урбаната опрема кај Црквата „Св. Андреја“ на Матка, се наведува во соопштението на Град Скопје љм/са/

 Фото: Град Скопје

Остани поврзан