• сабота, 21 декември 2024

Градски музеј Крива Паланка изврши санација на дел од спомениците од НОБ во општината

Градски музеј Крива Паланка изврши санација на дел од спомениците од НОБ во општината

Крива Паланка, 11 декември 2023 (МИА) – Дел од руинирианите и оштетени споменици од Народодослободителната борба (НОБ)  на подрачјето на Општина Крива Паланка, периодов беа санирани и обновени од страна на стручни тимови на Локалната установа Градски Музеј Крива Паланка.

Активностите ги раководеше Мартин Додевски, кустос-историчар од музејот со средства одобрени од Министерството за култура на РС Македонија и сопствени буџетски средства од ЛУ Градски музеј.

-Привршува проектот за санација и обнова на дел од спомениците од НОБ во нашата општина, на чијашто територија има вкупно 32 вакви споменици, од кои, согласно одобрените средства за конзервација од Министерството за култура, надополнети со сопствени средства од музејот, извршена е комплетна санација и обнова на три спомен-обележја на паднатите броци од НОБ, во селата: Борово, Кркља и Мала Црцорија. Овие три споменици се наоѓаат во планинските подрачја на надморска височина од 800 до 1200 метри и целта е да се сочуваат од забот на времето и истите се обновени со постаменти и оградени. Споменикот во село Кркља е обележје на паднатите борци-партизани, на 3 октомври таму се водела битка со Германските сили и кривопаланечкиот одред ги натерал да се повлечат, за 5 дена подоцна, на 8 Октомври, Крива Паланка да биде ослободена, информира Додевски.

Споменикот во Мала Црцорија кај местото Ширина е познат како обележје на оваа локација како собирно емст6о на воските и во времето на Првата и Втората Светска војна, а значајно е што кривопаланечкито партизански одред успева да разоружа на 6  септември дел од 29-та Бугарска дивизија, а три дена подоцна Бугарија капитулира.

Споменикот во село Борово, до кој води црн пат, пак, е значајно што на плочата се испишани паднати борци до Третата Македонска ударна бригада ( 3-та МУБ). Карактеристично е што во атарот на Борово на 4 мај одредот извојува победа против Бугарската војска, само пет дена пред конечната капитулација на Германија.

Проектот за санација, обнова и заштита на спомен обележјата на подрачјето на Општина Крива Паланка планирано е да продолжи и во следната 2024 година. ид/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан