• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалничката Арсовска се сретна со шпанскиот амбасадор Гарсија

Градоначалничката Арсовска се сретна со шпанскиот амбасадор Гарсија
Скопје, 10 февруари 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава Хозе Луис Лозано Гарсија. Како што соопштија градските власти, Арсовска и Гарсија споделија мислења во однос на тековните и идните активности на Градот Скопје, но и можноста за заедничка соработка. -Заедно со претставниците на Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава ќе се отпочне иницијатива за збратимување на Скопје со градови во Шпанија со кои Град Скопје има заеднички интерес и може да се  остварува заедничка интензивна соработка, се вели во соопштението. Амбасадорот Гарсија го истакна туристичкиот потенцијал кој го има Град Скопје и можноста за нови проекти со помош на Кралството Шпанија, со цел подигнување на туризмот во Скопје. мд/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан