• петок, 05 декември 2025

Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи

Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица. 

Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде соопштија дека инцидентот се случил на улицата „Кумбара“, а случајот бил пријавен во СВR Скопје во 12:15 часот. 

- На 11.07.2025 во 12:15 чaсот  од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.„Кумбара" физички била нападната градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош, информира МВР. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан