• недела, 22 декември 2024

Градоначалниците на крајот од годината да кажат колку туристичка такса е собрана и за што ќе биде потрошена, апелира Јаневски

Градоначалниците на крајот од годината да кажат колку туристичка такса е собрана и за што ќе биде потрошена, апелира Јаневски

Скопје, 21 јули 2023 (МИА) - Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ)  Љупчо Јаневски денеска апелира до градоначалниците, на крајот од годината да покажат колку  туристичка такса е собрана во нивните општини, но и да обелоденат за што ќе биде потрошена.

Како што напомена Јаневски, туристичката такса во земјава е 40 денари од кои 80 отсто се влеваат во општините, за локален економски развој, а 20 проценти во државата.

Според него, Законот за туристичка дејност мора да се спроведува.

-Апелирам градоначалниците на крајот на годината да покажат колку е собрана туристика такса и транспарентно да објават за што ќе биде потрошена, бидејќи таксата е единствено наменета за промовирање и означување на дестинациите на локално ниво. Ги повикувам и институциите, туристичките работници, тур-операторите, како и градоначалниците, да го спроведуваат Законот за туристичка дејност. Ако во овој момент нема кревет повеќе во нашите туристички места, а статистички имаме се уште минус во плаќањето туристичка такса, тогаш проблемот не е во никој друг, туку е во нас, потенцира Јаневски на средба со новинарите и уште еднаш укажа на потребата од поголем број туристички инспектори. мч/нд/

фото: МИА

Остани поврзан