Градоначалникот Ќура го посети првото новороденче во струшката болница
- Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска го посети првото родено бебе во Новата година во струшката болница. На мајката Милица и новороденчето им упати честитки и желби за добро здравје, среќно и бериќетно детство на малата Надја, како и многу љубов и радости во семејниот дом.
Струга, 2 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска го посети првото родено бебе во Новата година во струшката болница.
На мајката Милица и новороденчето им упати честитки и желби за добро здравје, среќно и бериќетно детство на малата Надја, како и многу љубов и радости во семејниот дом.
- Надја се роди со тежина од 4.210 грама и е во одлична здравствена состојба, заедно со нејзината мајка Милица, за која ова е трето дете. Овој радосен настан носи посебна симболика – нов почеток, надеж и радост за целото семејство, но и за нашата заедница, истакна Ќура.
Тој упати благодарност до директорот на Болницата, Владимир Бунчески и целиот медицински персонал на Гинеколошко-акушерското одделение, за професионалноста и посветеноста.
- Вашата работа значи сигурност, доверба и нови животи во нашиот град, нагласи Ќура.
Бебето и мајката беа дарувани со пригодни подароци од Општина Струга. сс/са/
Фото Општина Струга