Градоначалникот Јакимовски затвори градилиште во Влае
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 11 април 2025
И покрај изречени повеќе опомени и напишани повеќе казни од општинската комунална инспекција, градежната компанија Спектар Термо која работи на изградба на објект на улицата „Драгутин Аврамовски Гуте“ бр.25 во Влае и натаму продолжува со своето несоодветно однесување, поради што градилиштето денеска го посети градоначалникот Стевчо Јакимовски.
На лице место беше повикана и сообраќајна полиција, а по извршениот увид, донесена е одлука да се затвори градилиштето заради попречување на сообраќајот, несоодветно однесување на градежната компанија, уништување на општински имот и загрозување на безбедноста на граѓаните.
Општина Карпош
Фото: Општина Карпош
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.