• петок, 05 декември 2025

Градоначалникот Пекевски потпиша договор за унапредување на комуналните услуги

Градоначалникот Пекевски потпиша договор за унапредување на комуналните услуги

Берово, 31 јули 2025 (МИА) – Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски денеска го потпиша договорот за техничка и финансиска поддршка во рамки на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“, со кој се обезбедува унапредување на јавните комунални услуги.

Договорот е склучен со Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Швајцарската Конфедерација, застапувана од Државниот секретаријат за економски прашања.

Пекевски изјави дека потпишувањето на договорот претставува значаен чекор кон зајакнување на капацитетите на комуналните претпријатија, подобрување на квалитетот на услугите и создавање поотпорни и поефикасни системи за јавно-комунално работење.

Во рамки на проектот, покрај Берово, се опфатени и општините Куманово, Битола, Радовиш, Струмица, Виница и Кочани, кои преку поддршката ќе можат да ги модернизираат своите комунални системи и да обезбедат одржливи и поквалитетни услуги за граѓаните.

- Овој проект е уште една потврда за заложбите за партнерство со меѓународната заедница и за создавање функционални и отпорни општини, подготвени да одговорат на современите предизвици во комуналниот сектор, нагласи Пекевски. вс/мд/

Фото: Општина Берово

Остани поврзан