• петок, 05 декември 2025

Градоначалникот на Маврово и Ростуше, Куртовски на средба со добитникот на признанието за придонес на припадниците на дијаспората 2025: Се гордееме со личности како Сафет Алили

Градоначалникот на Маврово и Ростуше, Куртовски на средба со добитникот на признанието за придонес на припадниците на дијаспората 2025: Се гордееме со личности како Сафет Алили

Дебар, 15 мај 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше денеска во својот кабинет оствари средба со познатиот хуманист Сафет Алили, кој е добитник на признанието за придонес на припадниците на дијаспората за 2025 година. 

-Имавме срдечна средба со Сафет Алили, претседател на хуманитарната организација "LetzCare" од Луксембург,  кој оваа година од страна на претседателката  Гордана Силјановска - Давкова доби Признание за придонес на припадниците на дијаспората за 2025 година, информираше Куртовски.

Ова признание се доделува како симбол на длабока благодарност и почит за несебичниот ангажман и континуиран придонес во областа на хуманитарната работа. 

-Хуманитарните акции на оваа организација која во текот на изминатите години, а особено во 2023 година - преку донации на медицинска и училишна опрема низ повеќе населени места во нашата држава ја покажуваат вистинската вредност на солидарноста, алтруизмот и поврзаноста со татковината, додава тој.

Сафет Алили по потекло е од село Присојница,  општина Маврово и Ростуше, а со своето семејство долги години живее и делува во Луксембург.

Преку хуманитарната организација LetzCare донира медицинска и училишна опрема не само во оваа и соседната општина Дебар, туку и во многу институции низ државата. 

За таа своја активност има добиено многу благодарници и признанија меѓу кои и од општина Маврово и Ростуше во 2023 година.

-На Сафет и неговата хуманитарна организација им посакуваме уште поуспешна работа. Општина Маврово и Ростуше се гордее со личности како Сафет Алили, посочува Куртовски. вт/аа/

Фото: Општина Маврово и Ростуше

Остани поврзан