Градоначалникот на Кавадарци прими противпожарна опрема и стана член на Противпожарната единица
- Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска прими противпожарна опрема и стана член на Противпожарната единица, информираа попладнево од неговиот кабинет.
Кавадарци, 5 јуни 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска прими противпожарна опрема и стана член на Противпожарната единица, информираа попладнево од неговиот кабинет.
- Соработка и солидарност во служба на граѓаните - Јанчев и Чадамов рамо до рамо со пожарникарите, соопштија од кабинетот на градоначалникот, објавувајќи фотографија од Јанчев и командирот на Територијалната противпожарна единица.
Притоа, оттаму истакнаа дека градоначалникот ја прими својата лична противпожарна опрема и стана член на Територијалната противпожарна единица Кавадарци.
- Заедно со командирот Александар Чадамов, упати силна порака на единство и посветеност - целосна поддршка на хероите кои секојдневно го ризикуваат животот за нашата безбедност. Градоначалникот докажа дека вистинското лидерство значи да бидеш прв на линија кога е најпотребно, посочија од неговиот кабинет.
Претходно, на денот на пожарникарите на 20 мај, Јанчев доби плакета како благодарност од кавадаречките пожарникари за неговите заложби и логистика при решавање на проблеми од областа на противпожарната заштита. Тогаш беше кажано дека се очекува во иднина и самиот доброволно да учествува во противпожарни акции на терен. Иако, како што беше нагласено, најдобро е да нема пожари и противпожарни интервенции, да биде мирно и работата на пожарникарите да се сведе на постојано вежбање, со цел да се даде максимумот од можностите при противпожарни акции. свд/фф/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев