• четврток, 25 декември 2025

Градоначалникот на Дебар, Меља на работен состанок со Гоце Божиновски, директор на ХЕС „Црн Дрим"

Градоначалникот на Дебар, Меља на работен состанок со Гоце Божиновски, директор на ХЕС „Црн Дрим

Дебар, 21 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, денеска оствари работен состанок  со директорот на ХЕС „Црн Дрим", Гоце Божиновски. 

Фокусот бил ставен на деценискиот проблем со снабдувањето на електрична енергија во Општина Дебар и целиот Дебарски регион.

- Разговаравме за конкретни решенија и чекори кои ќе го надминат овој долгогодишен предизвик што е можно побрзо, за да го средиме како што треба и да обезбедиме стабилно и сигурно електрично снабдување за сите граѓани, напиша Меља на Фејсбук.

Дебарското конзумно подрачје, кое ги опфаќа Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше опфаќа над 12 илјади потрошувачи. Тие често се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија.вт/

Фото: Меља ФБ

Остани поврзан