Градоначалникот на Гази Баба ги награди каратистите Врклевски и Јовановска
- Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес во просториите на општина Гази Баба оствари средба со Јован Врклевски и Ева Јовановска млади каратисти од општина Гази Баба, учес

Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес во просториите на општина Гази Баба оствари средба со Јован Врклевски и Ева Јовановска млади каратисти од општина Гази Баба, учесници на Балканското првенство во карате одржано на почетокот на месецов во Белград.
Врклевски освои златен медал и е балкански првак во карате категорија борби до 45 килограми, а Јовановска освои трето место и бронзен медал во карате категорија женски борби до 40 килограми.
- Стефковски донесе Решение со кое за афирмација на општина Гази Баба и постигнување на меѓународен спортски успех на Јован и Ева ќе им се додели еднократна парична награда од буџетот на Гази Баба, соопштија од општината. зс/