• четврток, 04 декември 2025

Градоначалникот на Варшава Рафал Трзасковски води во анкетите пред претседателските избори во мај

Градоначалникот на Варшава Рафал Трзасковски води во анкетите пред претседателските избори во мај

Варшава, 25 април 2025 (МИА) - Кандидатот на владејачката Полска граѓанска коалиција (КО), градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски, води на анкетите пред претседателските избори на 18 мај, со 32 проценти поддршка, според анкетата објавена од ТВН24.

Кандидатот на опозициската партија Право и правда (ПиС), Карол Навроцки, има поддршка од 26 проценти. На третото место е кандидатот на крајно десничарската партија Конфедерација, Славомир Менчен, со 15 проценти поддршка.

Другите кандидати имаат поддршка во едноцифрени проценти. Меѓу нив се претседателот на Парламентот Симон Холовнија од центристичката партија Трети пат, како и кандидатите на левицата Магдалена Бијат и Адријан Зандберг.

Доколку ниту еден кандидат не го надмине прагот од 50 проценти во првиот круг, вториот круг од изборите ќе се одржи на 1 јуни помеѓу двајцата најдобри кандидати. паг/

Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан