• среда, 12 јуни 2024

Градоначалникот Митовски гостин на празникот на Град Лесковац

Градоначалникот Митовски гостин на празникот на Град Лесковац
Крива Паланка, 14 јуни 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на официјална покана од неговиот колега, доктор Горан Цветановиќ, градоначалник на Град Лесковац, Република Србија, беше гостин на празникот на нивниот град, денот на Света Тројца.
-Присуствував на убавата атмосфера за време на моето гостување на празникот на Град Лесковац. Благодарност за поканата и срдечниот прием од страна на мојот колега, д-р. Горан Цветановиќ, градоначалник на Град Лесковац, Србија, неговата заменичка и гостопримливите домаќини од нашиот пријателски град. Задоволство е да се биде гостин на деновите на свечености и празнувања кај нашите пријатели и соработници,со кои работиме на заедничкиот проект "Да ги поврземе бисерите, од програмата за прекугранична соработка на ЕУ, помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Во претстојниот период ќе работиме на развивање соработката и воспоставување долготрајни релации меѓу локалните заедници во областа на туризмот и останати области од заеднички интерес, изјави Митовски.
Тој посочи дека Крива Паланка и Лесковац во претстојниот период иницијативи ќе ја зацврстат и прошируваат соработката, а следува и збратимување на двата града.
При претходна посета на Цветановиќ на нашата општина, двајцата градоначалници договорија и конкретни чекори за нови проекти за промоција на туризмот и гастрономијата помеѓу Крива Паланка и Лесковац. ид/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан