• петок, 22 ноември 2024

Градоначалникот Мерко оствари средба со претставници на канадската компанија „Магна“

Градоначалникот Мерко оствари средба со претставници на канадската компанија „Магна“

Струга, 13 април 2023 (МИА) - Средните училишта во Струга имаат капацитет за создавање професионални кадри за специфичните професии, кои се бараат во „Магна“, истакна градоначалникот Рамис Мерко на денешната средба со претставници на канадската компанија.

Дополнително, според него, може да помогне и дуалното образование и новите насоки за потребите на тој пазар на труд.

- Со ова, ние креираме можности за вработување на млади професионални лица и подобрување на локалната економија и животниот стандард на нашите граѓани. Како градоначалник силно се залагам во постигнувањето успех во работењето не само за оваа фабрика, туку и за сите други значајни инвестиции, кои носат нови вработувања, поголеми приходи и подобро живеење, рече Мерко.

Канадската компанијата „Магна Мирорс“, лоцирана во ТИРЗ Струга, произведува и склопува ретровизори и други компоненти (надворешен ретровизор, мотор за придвижување на ретровизорот и мотор за придвижување на огледалото на ретровизорот, со пропратна инсталација), како и одредени модул-системи за напојување на автомобилите со батерии (power charging flaps).

Вработени се 500 лица, со најава во наредните години бројката да достигне 1.200.сс/фф/

Фото: Општина Струга

Остани поврзан