• сабота, 13 декември 2025

Градоначалникот Костадинов им го честиташе на првачињата почетокот на образованието

Градоначалникот Костадинов им го честиташе на првачињата почетокот на образованието

Струмица, 4 септември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска им го честиташе почнувањето на образование на првачињата, а во нивна чест беше изведена детската претстава „Пат околу светот“.

Во обраќањето пред струмичките првоодделенци градоначалникот Костадинов меѓу другото им посака и негување на другарски односи.

-Кога јас бев првоодделенец бев исклучително горд, среќен и желен за нови знаења. Бидете такви и вие. Бидете послушни и вредни во совладувањето на нови знаења, бидете позитивни и со задоволство ширете го другарството меѓу вас, оти другарството е едно големо и непроценливо богатство. Само така ќе успеете да чекорите по вашиот вистински пат во образованието. Само така ќе успеете да станете луѓе за пример и почит, истакна Костадинов.

Настанот посветен на првачињата од струмичките основни училишта се одржа во НУЦК „Антон Панов“ на иницијатива на градоначалникот Костадинов.рт/хс/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан