• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалникот Дука ги прими дебарските каратисти и вети финансиска поддршка за учествувото на Балканското првенство

Градоначалникот Дука ги прими дебарските каратисти и вети финансиска поддршка за учествувото на Балканското првенство

Дебар, 19 октомври 2022 (МИА) - Градоначалникот Хекуран Дука, ги прими каратистите и нивниот тренер Дурим Пачуку по големиот успех постигнат на државниот шампионат што, на крајот на минатиот месец се одржа во Охрид во јуниорска категорија до 48 килограми. 

-Посебно е чувството на задоволство кога во градоначалничкиот кабинет примам млади луѓе кои со совршена дисциплина во работата постигнуваат успеси со кои сите се гордееме. Каратистите на клубот Сара, Ера, Азиз, Гента и други членови, се оние кои со освоени медали се враќаат од регионални и државни натпревари и не прават вистински горди, рече Дука. 

Додаде дека карате клубот предводен од Дурим Пачуку обезбеди настап на балканските натпревари, а она што ќе остане во историјата на дебарскиот спорт е учеството на каратистката Сара Дука на Светското првенство, што ќе се одржи во Турција. 

-Ви посакуваме успех на овие натпревари поддржувајќи ве и понатаму морално но и материјално. Како општина ќе ги покриеме сите трошоци за учеството на каратистите на Балканското првенство, кое, како што ме информираше нивниот тренер ќе се одржи следниот месец во Црна Гора, посочи градоначалникот. 

Пачуку се забагодари на укажаната чест и поддршката што градоначалникот ја дава за клубот.-Чест беше да бидеме поканети од градоначалникот со кого секогаш средбите минуваат во пријатна атмосфера. Искажувам голема благодарсност за досегашната поддршка на клубот и посебно за последната што сега ни ја соопшти дека општината ќе ги покрие сите трошоци за Балканското првенство за четворица натпреварувачи, рече Пачуку. 

Инаку, на држвното првенство во Охрид, Сара Дука се закити со злато и се  здоби со право како дел од македонската карате репрезентација да учествува на Светското првенство што ќе се одржи во Коња, Република Турција од 26 до 28 месецов. 

На Балканското првенство што ќе се одржи во Бар, Црна Гора од 4-ти до 6-ти идниот месец, освен Сара Дука, учество обезбедија и Гента Села, Ера Коџа и Азиз Рамадани, по освоените сребрени медали. вт/сст/

Остани поврзан