Градоначалникот Грозданов на празничната литургија во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани
- Според традицијата, на вториот ден од Христовото раѓање – Божиќ, во црката „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани се одржа свечена празнична литургија, на која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Кочани, 8 јануари 2025 (МИА) - Според традицијата, на вториот ден од Христовото раѓање – Божиќ, во црката „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани се одржа свечена празнична литургија, на која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Меѓу големиот број верници, на богослужбата беше и градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. По завршувањето на литургијата, градоначалникот им го честита големиот христијански празник Божиќ на сите православни христијани, упатувајќи порака на мир, љубов и заедништво.
-Христовото раѓање нека донесе здравје, мир и благосостојба во секој дом, а во нашата заедница повеќе солидарност, разбирање и меѓусебна почит. Да ги чуваме традицијата и духовните вредности што нè обединуваат и нè водат напред, порача градоначалникот Грозданов.
Празничната атмосфера во храмот беше исполнета со молитва и духовна радост, во духот на божиќното славје и вековната православна традиција.ис/вј/
Фото: Општина Кочани