• петок, 10 мај 2024

Градоначалникот Георгиевски на увид во изградбата на новото детско игралиште во Илинден

Градоначалникот Георгиевски на увид во изградбата на новото детско игралиште во Илинден

Скопје, 2 мај 2024

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска изврши увид во изградбата на новото детско игралиште во Илинден кое ќе биде во рамки на Домот на култура „Илинден“.

Детското игралиште ќе биде опремено со гумен под, ќе биде оградено со панелна ограда, опремено со детски реквизити како лизгална, форми на коњчиња, клацкалки, лулашка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, како и партерно уреден простор со павер елементи.

Како што информира градоначалникот Георгиевски новото детско игралиште кое се наоѓа во рамките на Домот на култура Илинден и прекрасниот хортикултурно уреден двор ќе биде одлично надополнување на целиот комплекс, а дечињата и од овој дел на населбата ќе имаат одлично катче за дружење и рекреација, каде ќе можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, кои ќе се реализираат во наредниот период и во останатите населени места.

Општина Илинден

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Општина Илинден 

 

Остани поврзан