Градоначалникот Атанасовски изврши увид во изградбата на фекална канализација во Луковица и Тодоровци
- Во Македонска Каменица продолжува изградбата на фекална канализација во селата Луковица и Тодоровци. Вршејќи увид во градежните работи, градоначалникот на општината Димчо Атанасовски денеска информираше дека станува збор за важен проект за подобрување на животните услови и заштита на животната средина.

Македонска Каменица, 6 февруари 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица продолжува изградбата на фекална канализација во селата Луковица и Тодоровци. Вршејќи увид во градежните работи, градоначалникот на општината Димчо Атанасовски денеска информираше дека станува збор за важен проект за подобрување на животните услови и заштита на животната средина.
-Со целосната доизградба, овој систем во иднина ќе ги опфати и домаќинствата во село Косевица. Од изведувачите на градежните работи, добив уверување дека активностите ќе бидат завршени во предвидениот рок од 180 дена, истакна Атанасовски.
Со оваа инвестиција, вредна 2.669.491 денари без ДДВ, како што додаде, ќе биде изграден дел од Крак 5 од фекалниот систем.
-Како градоначалник, останувам посветен на развојот на нашата општина и подобрувањето на условите за живеење во урбаната и руралните средини, додаде Атанасовски.
Со реализација на вакви и слични активности Општината, како што најави, продолжува и во наредниот период. вс/мд/
Фото: Општина Македонска Каменица