• вторник, 24 декември 2024

Градинката „Кокиче“ во Кисела Вода подготвена за прием на деца

Градинката „Кокиче“ во Кисела Вода подготвена за прием на деца

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Градинката „Кокиче” во Кисела Вода е подготвена за прием на нови дечиња, известуваат од Општина Кисела Вода.

Тие нагласија дека во целост се завршени повеќемесечните градежни активности на Општина Кисела Вода кои опфатија проширување, односно преадаптација на градинката со што се овозможи зголемување на капацитетот на објект за нови 90 дечиња.

- Последниве денови се работеше и на опремување со мебел кој е обезбеден преку договор со Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес ја посети оваа градинка и упати апел до сите родители да аплицираат за упис, исвестуваат од Општината.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, потенцираше дека во оваа градинка треба да аплицираат и родителите од урбаната заедница Расадник, со цел привремено намалување на бројноста на групите во тамошниот објект, се додека не биде изграден и таму нов објект кој е во подготвителна фаза.

 Ѓорѓиевски потсети дека сега веќе на располагање во „Кокиче“ стојат и јасли, но и на тоа дека во дворот на овој објект ќе се гради сосема нов, дополнителен објект.

-Се работи за  простор на површина од 525 квадратни метри, со  шест занимални и тоалети, енергетска ефикасност, целосно партерно уредување, изведба согласно сите стандарди, правилници и нормативи кои условуваат и овозможуваат позитивен ран детски развој, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Како што истакна, тој и Општина Кисела Вода веќе изготвија проект и обезбедија финансиски средства за доградба, со кој ќе се отворат  околу 300 нови места во градинките низ населбата и наследените листи за чекање од минатото на кои имаше над 450 деца ќе ги нема. сан/ев/


 
 

 
 

Остани поврзан