• четврток, 26 март 2026

Градежни активности во карбинското село Таринци

Градежни активности во карбинското село Таринци

Карбинци, 5 март 2026 (МИА) - Почнаа градежните активностите за асфалтирање на улица „3“ во село Таринци во Општина Карбинци, која ќе биде трет влез во селото. Улицата е со должина од 540 метри, а ќе биде уредена со тротарски површини и е проект, кој е финансиран од страна на Владата преку заемот од Унгарија. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека улицата ќе биде завршена до крајот на оваа седмица, а инвестицијата изнесува седум милиони денари.

-Се започнува да се асфалтира дел од улица „3“, ова е влезот или третиот влез на селото Таринци, улица која што од пред неодамна започна со својата изградба, по подобрување на временските услови, го нанесуваме завршниот слој на асфалт и ќе останат одредени, поситни активности на истата улица, која што деновиве треба да биде целосна завршена. Овој асфалт и оваа улица ќе придонесе да имаме поинакви можности за жителите на село Таринци, со тоа што овој трет влез ќе биде на некој начин во корист на жителите-рече Паунов. 

Паунов нагласи дека Општината и понатаму ќе продолжи со своите активности, пред се во делот на патната инфраструктира, со што се очекува жителите во општината да имаат подобри услови за живот. вдј/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан