• петок, 05 декември 2025

Гоф се квалификува на завршниот ВТА турнир

Гоф се квалификува на завршниот ВТА турнир

Пекинг, 30 септември 2025 (МИА) - Американската тенисерка Коко Гоф се квалификуваше за Завршниот турнир, објави ВТА на својата официјалната веб-страница.

Дваесет и едногодишната Американка учеството го избор откако стигна до четвртфиналето на турнирот во Пекинг. 

Претходно, Арина Сабаленка и Ига Швјонтек го обезбедија своето учество на Завршниот турнир.

Гоф ќе се натпреварува по четврти пат по ред во последниот турнир сезоната.

Завршницата на ВТА ќе се одржи од 1 до 8 ноември во Ријад, Саудиска Арабија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан